среда, 3 април 2013 г.













KONDAK 1

Na Tebe, prepodobna majko Stefanido, so seta du{a svoja ti prinesuvame pofalni pesni,
Raduvajki se na tvoeto sveto proslavuvawe,
I so angelite voskliknuvame na tvoeto nebesno oven~uvawe : Aliluja!



недела, 10 февруари 2013 г.




Подвиг на сострадание со несреќните

     Пресветата Богомајка наскоро повторно ѝ се јавила на 48-годишната схимонахиња и ѝ соопштила дека ја избрала – „за подвиг“! Оттогаш матушка Макарија почнала да ги зема на себе болките и маките на другите луѓе, страдањата на оние кои се молеле за исцеление – добила подвиг во своето срце да ја смести болката на целата страдална Русија и на своите слаби плеќи да понесе крст, потежок од сите дотогашни. Мајка Макарија се прашувала откаде тоа, токму таа, така хендикепирана и немоќна, да биде избрана. Царицата Небесна одговорила: „Сите ги поминав и подобра не најдов... Така, морав да те ставам меѓу Избраните“.

сабота, 9 февруари 2013 г.





        И во нашево време, време кое е ладно поради гревовите, кога во многу срца се јавува сомнеж во постоењето на духоносни слуги и угодници Божји, Нашиот Господ Исус Христос не го остави Избраниот Народ, Црквата Своја, без сведоци и свои пријатели. Многумина од нас – христијани на последните времиња, во нив ја препознаваме неизменливата сила на ветувањето Божјо.

петок, 8 февруари 2013 г.









Многупати се случува сите ние да се прашуваме: „Постојат ли светители денес? Одговорот е еден. Божји светители ќе се појавуваат секогаш и засекогаш. Нивното постоење е истопојавно со живототворното постоење на третото лице на Света Троица, Светиот Дух. Значи, додека Светиот Дух Божји дејствува и владее во нашиот создаден свет, Неговите светители ќе се појавуваат за да ни дадат сила, но и да го понижуваат антихристот - ѓаволот и неговите следбеници, кои се движат околу нас. Честопати дури и среде нашето семејство, колку и да звучи страшно.

вторник, 18 декември 2012 г.

Posted by Unknown Posted on 18:20 | No comments

Свети Николај Чудотворец


  • Вероучител