вторник, 18 декември 2012

Posted by Unknown Posted on 18:20 | No comments

Свети Николај Чудотворец


петок, 14 декември 2012

Posted by Unknown Posted on 22:18 | No comments

Дали верувате во чуда?




            Во врска со иконите кои од себе точат масло или некоја друга течност (крв, миро...), многу луѓе се обидуваат научно да објаснат дека тука се работи за некакво взаемно дејство меѓу топлината и маслото. Бидејќи јас не сум научник, не можам ништо да ви кажам од тоа гледиште.
             Како Гркинка и православна христијанска воспитувачка, живеам во Светата Земја веќе пет години. Сакам да ви раскажам за еден настан кој го видов со свои очи и кој се случи во црквата на Светиот Гроб вечерта на Велики Петок, за време на грчката православна Божја служба кај Христовиот гроб.

сабота, 8 декември 2012

         1.      Да се родат деца е дело на природата, но да се образоваат и да се воспитаат - е дело на умот и волјата.
   2.            Под должноста воспитување на своите деца јас подразбирам, не само грижа децата да не умрат од глад, на што, по се изгледа лушето ги ограничуваат своите обврски псрема децата. За овој начин на грижење не се потребни ниту книги, ниту пак уредби (закони), за тоа многу јасно кажува самата природа. Јас зборувам за грижење да се образоваат душите на децата во добродетелите и побожноста, што е свет долг, кој не може да се погази, а да не се направи извесен вид на детеубиство.
   3.         Таа обврска е заедничка, акко и за татковците така иза мајките. Постоат татковци кои не штедат ништо за да им обезбедат на своите деца учители за разонода, задоволувајки ги нивните барања како богати наследници, додека многу малку се гржат за тоа децата да бидат христијани и да се надградуваат во вистинска побожност. Какво грешно слепило! Токму на таа груба немарливост треба да се препише целата неуредност од која страда средината. Да претпоставиме дека сте стекнале за нив голем имот, но доколку децата не умеат да се однесуваат мудро овој имот не би можеле долго да го сочуваат. Имотот ќе биде расфрлан, ќе пропадне заедно со своите господари и тоа за нив ќе биде најтажно наследство.
4.       Вашите деца ќе бидат секогаш доволно богати ако добијат добро воспитување од вас, кое ќе биде во можност да го опитоми нивниот карактер и да му даде правец на нивното однесување. И затоа грижете се на да ги направите богати, тук да ги направите побожни, господари над своите страсти, богати во добродетелите. Придонесете да не го бараат он ашто им е непотребно, и земните богатства да ги ценат онолку колку што и вредат. Вниматено гледајте ги нивните постапки, нивното друѓтво, врски, и не очекувајте од Бога никаква милост доколку не ја исполнувате оваа должност.
5.           Ако апотолот ни заповада повеќе да се грижиме за другите отколку за себе си, и ако постануваме виновни кога не се грижиме за нивна корист, нема ли да бидеме многу повеќе виновни тогаш, кога тоа се однесува на оние кои ни се најблиски? „Не Сум ли ви дал место во семејството ваше? - ќе ни рече Господ. Не ли ви ги поверив вам да се грижите за нив, поставувајки ве за нивни господари, старатели и судии? Јас ви дадов целосна власт над нив. Вам ви ја ставив целокупната грижа за нивното воспитание“. Вие ќе ми речете дека децата не сакале да се приклонат под јаремот идека го отфрлиле. Но, всушност тоа и беше потребно да се предупреди на самиот почеток. Вие моравте да влијаете на нивните први впечатови, да ставите узда кога тие се уште немаа сила да ја ракинат, да ја фатите таа млада душа во јаремот на должностите и да ја научите на него, да ја обликувате спрема нив (должностите), да ја преврзете раната веднаш штом ќе се отвори, да ги отргнете трњата веднаш штом почнат да се појавуваат околу тие нежни цвеќиња, а не да чекате да пуштат длабоки корења и страстите да станат незауздливи и нескротливи.
6.      Премудриот Исус синот Сирахов зборува: „Ако имаш деца, воспитај ги, уште од младоста стави им јарем на вратот нивни“ (Премудрост Сирах. 7,25). Но Господ ни ја дава таа заповед не само преку устата на својот пророк, туку уште преоѓа на наша страна заканувајки се со страшна казна за децата кои се непокорни на власта на своите родители: „Кој кажува зло на таткото свој и на мајката своја, да се погуби“ (3. Мој. 20, 9). Он ги казнува со смрт оние кои од вас кријат, а вие ладнокрвно гледате на оние лоши дела кои ги вршат тие против највисоките власти. Они застануваат против самиот Бог, кршејки ги некжговите заповеди, а вие на тоа гледате без никакво негодување, па дури и без нај мал прекор. А што губи Господ од нивните навреди? - Ништо. Туку вие губите. И како да не се плашите за самите себе? Бидејки кој ќе го остави Господ, тој нема да го почитува ни својот татко, па ни самиот себе.
7.           Децата кои се покорни и верни на Бога во послушноста на Неговиот Закон, наоѓаат изобилен извор на среќа, па дури и оваа земната. Сиромашниот човек со христијански морал е почитуван и сакан од луѓето кои го опкружуваат додека човекот со лошо и развратно срце целото негово богатство нема да го спаси од негодувањата и одбивноста на луѓето спрема него.
8.           Младичот на кој вие ќе му пружите добро воспитување ќе ви постане мил не само заради тоа што ќе стекне сеопшто почитување, туку ќе ви биде мил и на вас самите. Вашата приврзаност за него нема да биде само проста наклонетост, туку ќе биде плод на неговите доблести. Затоа и вие во староста ќе ги уживате од него сите убавини на синовската љубов; тој ќе биде ваша потпора. Според тоа како што оние кои не го почитуваат Господа ги презираат и своите родители, така напротив, оние кои го почитуваат Бога, Отецот на сите луѓе - секогаш и на сите начини ќе ги почитуваат оние од кои го добиле животот.
9.       Да претпоставиме дека ќе ги исполните заповедите на Законот во секој дрг поглед, нодоколку идете неверни во таа една заповед, ќе бидете строго казнети. Послушајте годоказот за тоа земен од историјата на еден древен народ. Веднаш ќе увидите на каква страшна казна се подложени татковците кои не се грижат за воспитувањето на своите деца. Јудејците имале еден свештеник кој бил многу почитуван заради својата кроткост. Се викал Илија. Овој свештеник имал два сина кои им се предавале на сите пороци. Таткото не се грижел и не обрнувал внимание за тоа. Кога нивниот разврат станувал поголем тој само ги опоменувал, но без голема ревност и власт, бил должен строго да ги казни, да ги отфрли од себе, да употреби строги мерки и со тоа да стави крај на нивната неуредност. Но тоа не се случило. Тој се ограничувал на тоа да ги опоменува во вид на совет: „Немојте деца мои, не е добро тоа што го слушам за вас“ (Сам. 2, 24). Зар така требао да зборува? Тие го навредувале Бога, а тој ги нарекувал свои деца. Тие го заборавале Оној на Кого Му го должат животот, а тој сеуште и признавал за членови на своето семејство. Залудно и бескорисно ги советувал. Овде не беа потребни совети, туку силни укори, строги казни, силен лек кој одговара на злото. Тој морал страшно да делува врз нив и да ги отргне тие млади срца од нивната заблуда. А тој благо ги советувал. На неговите деца не им недостасувале совети. Тие зборови биле бескорисни! Децата всушност биле жртви на неговата грешна благост! Бидејќи војната почнала. Несреќниците паднале во рацете на непријателот. Илија, дознавајќи за нивната лоша судбина паднал на земјата и умрел.
10.       Сега ви зборував дека татковците кои н есе грижат да им пружат христијанско воспитување на своите деца се чедоубијци, т.е. убијци на сопствените деца. Нели е тоа вистина? Кој треба да обвинува Илија за смртта на своте деца? Самиот себе. Навистина, непријателскиот меч ги усмртил, но ударот на мечот го усмерила безгрижноста на таткото. Оставени без небеска помош тие станале немоќни против филистимските стрели. Таткото ги усмртил и нив и себе си. Меѓутоа, вакви примери сретнуваме секојдневно. Колку родители постојат кои не сакаат да се трудат да ги поправат своите непокорни и непослушни деца? Тие како да се плашат да не ги огорчат своите деца, доколку со своите строги зборови ги побиваат порочните наклоности на кои се предаваат нивните деца. И што произлегува? Прекршоците се зголемуваат, неказнувањето доведува до душевни престапи, судовите земаат збор, несреќниците умираат на местото на казната. Не исправајќи ги вие станувате нивни соучесници. Вие сте се одрекле од своите сопствени права над нив и со тоа сте придонеле да подлегнат на строгите граѓански казни и човечкото правосудство ги применила над нив своите строги права (закони). Вие се плашите во ваше присуство да не ги посрамите со лесна казна, а каков срам паѓа на вас кога вашиот син исчезнува, а таткото прогонуван од погледот на тужителите веќе нема смелост воопшто да се појавува некаде.
11.    И така, ве молам груижете се за доброто воспитување на своите деца. Пред сé помислувајте на спасението на нивните души. Бог ве поставил како глави и учители на вашите семејства; ваша должност е непрестајно да внимавате на однесувањето на свото семејство. Послушајте го апостолот Павле: „Ако вашите жени сакаат нешто да научат, нека ги прашаат своите мажи... Подигнувајте ги своите деци во воспитувањето и науката Господова“ (Ефес. 6,4). Подржувајте го Јов, кој бдееше над однесувањето на своите деца и принесуваше жртви да го умилостиви Бога за тајните гревови кои би можеле да ги направат (Јов 1, 5). Подржувајте го Авраам кој помалку се трудеше околу стекнување на богатств, а повеќе за одржување на Законот Божји од страна на своте домашни, за што сведочи Господ: „Зашто знам дека ќе им заповеда на синовите свои и на домот негов после него, да се одржат на патеките Господови и да го прават она што е праведно и добро“ (1 Мој. 18,19). Давид кога се приближувал кон смртта, сакал на својот син Соломон да му го остави најважното наследство, го повикал и му го повторил во вид н амудри поуки Божјото ветување: „Ако го запазат синовите твои патот свој, одејќи верно пред Мене, со сето свое срце и со сета своја душа, тогаш нема да исчезне човек од престолот изразилев“ (3 Цар. 2,4). Тоа се образците на кои ние мораме да се угледаме и за време на животот и при последната воздишка.
12.  Ако добрите татковци се грижат да им дадат добро воспитание на своите деца, тогаш не би биле потребни ни закони, ни судови, ни судници, ни казни. Џелатите постојат затоа што нема моралност.


Световното образование не е и Христијанско образование

13.  Ние не штедиме ни труд ни средства да ги обучиме децата во световните науку и да ги научиме добро да им служат на земните власти. За нас само нека биде вно знаењето на светата вера и служењето на Царот Небесен. Ние им дозволуваме да посетуваат разни гледалишта, а многу малку се грижиме да не исзостануваат од Црквата и во неа да стојат со стравопочит. Ние ги принудуваме да полагаат сметка за тоа што го научиле во световните училишта; зошто пак, не бараме одговор од нив за тоа што го слушнале во домот Господов?
14.  Давајќи упатство кое е потребно за децата, Апостолот им се обраќа и на татковците говорејќи: „Вие татковци, нераздразнувајте ги децата свои, туку воспитувајте ги во науката и стравот Господов“ (Ефес. 6,4). Сакаш ли ти твојот син да биде послушен? Тогаш уште од детството воспитувај го во науката и стравот Господов. Не помислувај дека читањето на божественото Свето Писмо за него би била непотребна работа. Таму, тој пред се, ќе слушне: „Почитува ги таткото и мајката своја“ (2 Мој. 20,21), зборови кои се упатени во твоја корист. Немој да зборуваш: „Слушањето на Светото Писмо е работа на монахот; јас не сакм да го направам монах. Нема потреба да биде монах. Направи го христијанин. Бидејки и на мирјаните им е многу потребно да го изучуваат Светото Писмо, а посебно им е потребно на децата, бидејќи тие во таа возраст многу потребни работи не знаат. А, незнаејчи ги Божествените вистини ќе знаат многу од светските дела - ќе ги познаваат на пр. животите на светските херои кои им служеле на страстите: блуд, пијанство и др. А на твојот син му е потребно спасоносно раководство во науката и стравот Господов.
15.  Нели е безумно да ги учиме децат ана световните науки праќајќи ги на високи школи, не жалејќи ништо за нивното образование, а за нивното воспитание во науката и стравот Господов воопшто да не се грижиме?! Токму затоа и ги жнееме (собираме) плодовите од таквото воспитување на своите деца - гледајќи ги како дрски, непослушни, развратни! Да не правиме така и да ги слушаме советите на св. ап. Павле. Да започнеме да ги воспитуваме децата во науката Господова и во стравот од казната Божја, да им дадеме пример на богоугоден живот, да ги принудиме уште од раното детство да вежбаат во читање на Светото Писмо. Ах, јас непрестајно размислувам дали залудно ги трошам моите зборови? Но и при сето тоа нема да престанам да зборувам, бидејќи тоа е моја должност.
16.  Кажете ми, зошто не ги подржувате древните луѓе? Особено вие жените треба да ги подржувате прекрасните жени од минатото. Ти се родило дете - подржувај ја Ана, мајката Самуилова. Слушај како постапила таа: побрзала и го однела своето дете во Божјиот храм. Кој од вас не би посакал попрво да му се роди син како Самуил, отколку илјада пати да биде цар на целата вселена? Ќе речете: како е можно тоа? Зошто е неможно? Ти само посакај го тоа и предај Му го Нему, на Оној Кој може да го направи таков. Кој, ќе прашате, може тоа да го направи? Бог може. Затоа Ана и му го предала својот син Нему. Самиот Илија не бил способен да ги развие и образува, а како би можел кога немал власт над своите сопствени деца, но верата на жената и нејзината усрдност постигнале сé. Раѓајќи го првенецот свој и не знаејќи дали ќе има други деца, таа не велела: „Ќе почекам додека да порасне детето, да се наслади малку на животот. Ќе му дозволам кај мене да го помине детството“. Никако не помислувала на тоа, а имала само една мисла: како и што порано да го посвети детето на Бога. Да се посрамиме сите ние, мажи, на таквата мудрсот на една жена. Таа го однела својот син во Господовиот храм и го оставила таму. Тоа ја прославило и нејзината брачна заедница, затоа што со тоа што го принела својот прв плод од бракот на Бога, таа ни покажува дека во бракот не бара само телесни насладуања, туку угодување на Бога и затоа нејзината утроба постанала многу плодна, иако претходно била неплодна, и несомнено затоа видела каква слава и почит уживал нејзиниот син меѓу луѓето.
Во нашата грижа за децата, се мора да биде вторстепено во однос на нивното воспитание во науката и стравот Господов. Кој, пред сé, научи да биде побожен, тој преку тоа ќе стекне најголемо богатство кое гонадминува секое богатство и најголема слава. Не е толку корисно да го образуваш својот син давајќи му само световна наука и знаење преку кое ќе почне да заработува пари. Ако сакаш да го направиш богат, постапи вака: богат не е оној кој поседува многу и се грижи да стекне што поголем имот, туку оној кој нема потреба од ништо. Тоа влевај му го на својот син и учи го на тоа. Не труди се да го направиш познат во световната ученост и да му обезбедиш стекнување на слава, туку труди се да го научиш да ја презира славата на овдешниот живот, така тој ќе биде пославен и познаменит. Тоа може да го постигне и богат и сиромав. Тоа тој нема да го научи од световните учители, ниту пак со помош на науката, туку од божественото Свето Писмо. Немој да се грижиш твојот син да поживее долго на земјата, туку грижи се да се удостои со живот безграничен и вечен. Пружи му многу, а не малку. Следи ги и внимавај на зборовите на св. ап. Павле: „Воспитувајте ги децата во науката и стравот Господов. Не труди се да направиш од него красноречив беседник, туку научи го на мудроста божествена, т. е. на побожност. Нема да биде никаква штета ако тој не стане красноречив беседник, но при недостаток на божествената мудрост и најголемата красноречивост нема да му донесе никаква корист. Потребно е побожно владеење, а не остроумност; моралност, а не сила на зборот; дела, а не зборови - со тоа се здобива Царството Божјо, со тоа се стекнуваат вистинските блага. Неизострувај го јазикот, туку очистувај ја душата. Ова не го зборувам да би се забранило светското образование, туку да не се приврзуваме исклуч
Posted by Unknown Posted on 15:22 | No comments

Бербер

Еден човек, по обичај, појде кај берберот за да си ја скрати косата и да го избричат. Тој започна разговор со берберот. Зборуваа на различни теми и одеднаш разговорот се сврте кон темата за Бог. Берберот рече:

- Што и да кажете, јас не верувам дека Бог постои.
- Зошто? – праша човекот.
- Тоа е едноставно. Доволно е само да излезеш надвор и веднаш ќе видиш дека Бог не постои.

Еве кажете, ако постои Бог, зошто има толку болни луѓе? Зошто толку многу сирачиња? Ако Тој навистина постоеше, немаше да има страдања и болка. Тешко да замислиш дека Бог, Кој е љубов, би дозволил сето тоа да се случува.

Човекот се замисли, но реши да молчи за да не влегува во во конфликт. Кога берберот ја заврши својата работа, човекот си замина. Излегувајќи надвор, тој забележа некој разбушавен и неизбричен човек (толку несредено изгледаше овој човек што се чинеше дека воопшто ја немаше истрижено косата и не се избричал целата вечност). Тогаш човекот се врати кај берберот и му рече:

- Знаете, што? Јас тврдам дека бербери не постојат!
- Како, тоа? – се зачуди берберот. – А јас кој сум? Јас сум бербер!
- Не! – извика човекот. – Тие не постојат, инаку надвор би немало разбушавени и неизбричени луѓе, како еве овој човек, кој се шета по улицата.
- Е, мил мој, работата не е во тоа што нема бербери. Ама, ете, луѓето сами не доаѓаат кај мене.
- Така е! – се согласи човекот. – Токму затоа јас велам дека Бог постои, но самите луѓе не Го барат и не приоѓаат кон Него. Затоа во светов има толку многу болка и страдање.
Posted by Unknown Posted on 15:18 | No comments

Послушание од љубов



- Оф, оф, оф! Помогни ми, добар човеку!
- Еј, лаву, па ти си влегол во погрешна приказна.
- Ма не сум јас во никаква измислена приказна, туку во најголемата реалност. Ти Герасим ли си?
- Да.
- Значи, не си измислен, туку навистина постоиш. А јас сум еден несмасен лав, и тоа навистина лав. Еве, допри ме!
- Сепак си погрешил, затоа што лавовите не офкаат, туку рикаат!
- Ех, јас да рикнев, ти од страв ќе избегаше и тогаш кој ќе ми помогнеше?
- Сепак, како децата да поверуваат дека лавот зборува?
- А зошто да не поверуваат? Децата не се сомневаат како возрасните. Со своето чисто срце, тие знаат дека за Бога сè е можно.
- Добро, кога си, веќе, така мудар, тогаш кажи како јас, слугата Божји, Герасим, можам да ти помогнам тебе, царот на сите животни?
- Ногата ме боли и не можам да одам.
- Па што си правел, немирко?
- Сакав да скинам една преубава роза. Опојно мириса, а нејзините ливчиња се прелеваат на сонцето во чудесни бои. Ја подавам шепата и таман да ја скинам, кога таа – боц! Така страшно ме боцна, што трнот ми остана во шепата.
- Баш си смешен! Кога сите би скинале по една роза, од земјата би го снемало тој прекрасен мирис. Затоа Бог на розата и даде трнчиња за да може да се брани. Туку, дај ја шепата, стисни ги забите и биди мирен!
- Ќе ме боли ли?
- Види колкав си, а се плашиш! Срамота. Ако те слушнат децата, ќе ти се смеат, затоа што тие се така мали, а сепак не се плашат кога мама со игла им вади трн од прстето.
- Оф!
- Па што е сега? Уште не те ни допрев, а ти веќе офкаш.
- Ама, јас си офнав однапред, за секој случај. А што, всушност, направи ти?
- Се прекрстив и Го замолив Бога за помош. Ние, луѓето, секогаш кога сакаме нешто да направиме, дури и најмала ситница, прво се прекрстуваме, па потоа почнуваме.
- Зошто?
- Предобриот наш Господ рекол: Без мене не можете ништо да направите, а сè што Господ рече, е апсолутна вистина и само вистина. Затоа ние секогаш прво ќе се помолиме: Боже, помогни ми, па потоа го правиме она што сме го наумиле. Ете, го извадив трнот. Уф, колку гној! Не ја спуштај шепата додека не ја завиткам.
- Ех, колку си добар – поради мојата шепа, си ја искина својата облека.
- Јас можам да сошијам нова мантија, но тебе нова нога не може да ти порасне.
- Ти благодарам, пријателу!
- На Бога благодарност! А сега, збогум, трапавко.
- О, не, без мене ти никаде не одиш.
- Ти оди во својата пештера, а јас одам во својот манастир.
- Мене нема да ме измамиш. Добро те знам: секогаш ова време од годината скиташ по пустината и ниту нешто јадеш ниту во манастир одиш, сè додека не процвета дрвото пред мојата пештера. Зошто го правиш тоа?
- Ова е време на Светата Четириесетница, кога ние, луѓето, со молитва, покајание и пост се подготвуваме да го дочекаме светлото Христово Воскресение. 
- Мора да ти е тешко без јадење и спиење?
 - Без Божја помош – би било не само тешко, туку и невозможно. Но јас, немоќниот, со Господ Семоќниот, можам сè!
- Значи, можеш да станеш совршен?
- Господ нас на тоа нè повика, велејќи: Бидете совршени како што е совршен Отецот ваш Небесен. Тоа значи дека совршени можат да станат сите кои тоа го сакаат и се трудат.
- Како?
- Едноставно – никому не прави зло, туку секогаш само она што сакаш тебе другите да ти го прават.
Лавот се реши и тој така да прави – со својата лавовска сила да им помага на луѓето и да ги слуша, токму како што тоа некогаш во Рајот го правеле сите животни. Така, од својот пријател Герасим, свети Герасим, тој веќе не се одвојувал.
Лавот не знаел дека Самиот Господ го чува Својот угодник Герасим, па се трудел постојано да е во негова близина за, ако има потреба, да го заштити со својата лавовска сила.
Ех, лаву, лаву, ни сите лавови на светот не можат да го зачуваат човекот, ако Самиот Господ не го чува! А Господ навистина го чувал светиот Герасим уште од раѓање.
Уште додека бил сосема млад, Господ него го повикал на патот монашки. Од родната Ликија, Герасим прво отишол во пустината Тиваида. Таму, во далечниот Египет, тој Му вознесувал на Бога топли молитви за спасение на целиот свет.
Така прават сите монаси и монахињи, нашите вистински пријатели – тие се молат на Бога за сите нас. И за тебе, се разбира! Навистина, пријателство е кога со некој ќе поделиш чоколада, но најголемо нешто што можеш да направиш за пријателот, е да се помолиш за него на Бога.
Герасим многу сакал да биде блиску до реката Јордан – светата река на која св. Јован, Претеча Господов, Го крстил Самиот Господ Исус Христос. И Господ му ја услишал желбата. Тука Герасим и го запознал трапавкото. Огромниот лав му се умилкувал како да е мало, сосема мало маче.
Се приближи и Воскресението Господово – празник над празниците, па свети Герасим се врати во манастирот за заедно со отците и браќата да го дочека најрадосниот празник на светот. А каде тој, таму и лавот. Кога монасите го видоа својот духовен отец Герасим, како доаѓа во манастирот со лавот, малкуцка се уплашиле.
- Не плашете се, ова е само еден вљубен несмасен лав. Многу е добар и послушен. Туку, бидејќи сака да биде во манастирот, треба и нему некое послушание да му дадам.
- Како тоа, оче, на лавот послушание? Па зарем ќе разбере?
- Гледајте и учете се како и ѕверот може да слуша. Трапавко, ти ќе го чуваш нашето магаре Њако. Тоа е многу вредно и послушно и нам секојдневно, на својот грб, ни носи вода од Јордан. Многу сака да пасе зелена тревичка, но никој од монасите нема време да го чува.
Штом св. Герасим го рекол тоа, лавот веднаш во забите го зело конопот со кој магарето било врзано за едно дрво, и го одвело на ливада. Њако го послушал и тргнал по него. На зајдисонце лавот се вратил, водејќи го магарето за узда. И така секој ден. Само, лавот имал една голема мана – многу сакал да спие. Ех, таков спанко не сум видел во својот живот. Чуј само што му се случило на лавот-спанко!
Припекло попладневно сонце, цвеќето на ливадата преубаво мирисало, а Њако грицкал зелена тревичка. На лавот така му се приспало, што не одолеал – отишол малку подалеку, легнал во ладовината и заспал со сладок сон. Додека тој спиел, покрај магарето поминал некој трговец со камили претоварени со прекрасни работи. Одел во Ерусалим за сето тоа да го продаде. Видел трговецот – магарето само, никаде никој, па го фатил и го одвел. Всушност, трговецот го украл магарето. А кражбата е грев. Нема тука никакво оправдување – украл и точка! Каква врска има тоа што магарето било само? И што му е нему гајле чие е магарето? Ех, како само го нажалил лавот. Кога се разбудил, тој ја пребарал целата пустина, но Њако го нема па го нема.
И се вратил тажниот спанко во манастирот. А кога монасите виделе дека го нема магарето, тие се посомневале во лавот и го обвиниле дека тој го изел Њако. Ма, каде тој, добричкиот, би го направил тоа! Најтажно било тоа што му се чинело дека и самиот старец Герасим се сомнева во него.
- Е, пријателу, бидејќи не го чуваше добро Њако, од денес, наместо него, ти ќе ни носиш вода од Јордан, – му рече свети Герасим.
Не му било тешко на спанкото да носи вода, туку му било жал што го изневерил добриот старец Герасим. Неколку години тој послушно носел вода на својот грб, сè додека еден ден во манастирот не дошол некој добар војник. Кога го видел лавот како на својот грб ги носи тешките садови преполни со вода, тој рекол:
- Оче Герасиме, те молам, прими ги овие три златници, па купи друго магаре, а лавот ослободи го од обврските. Нека повторно лавот си биде лав, а магарето – магаре.
- Во право си, пријателу! Лавот навистина се покаја за својата невнимателност.
И купија друго магаре. Сите се израдуваа за тоа, освен лавот. Тој и понатаму тагувал затоа што на старецот Герасим не можел да му докаже дека не го изневерил. Знаел дека згрешил што спиел, наместо да го чува Њако, но дека го изел – е, тоа веќе не било вистина. Но, сè што е скриено, кога-тогаш ќе се дознае, верувајте ми! Така се дозна и за гревот што го направил трговецот.
Имено, еден ден после ручекот нашиот лав станал жеден, па тргна кон реката Јордан да се напие вода. Токму тогаш истиот оној трговец повторно одел во Ерусалим, носејќи голем товар пченица. Ма, не го носел тој, туку сè му било натоварено на камилите. И на Њако. И само што ја минал  реката Јордан, кога… Ау – само да можевте да го чуете тој лавовски рик! Сета пустина одекнала кога нашиот спанко рикнал од радост. Лавот го препознал својот пријател Њако, па од радост – јуриш кон него. А трговецот страшно се уплашил и избегал колку што го држеле нозете. Лавот ја грабнал уздата и го повел Њако назад во манастирот. Сите отци и браќа се зарадувале, но старецот Герасим најмногу. Знаете, му било жал што лавот толку тагувал. Старецот и го милувал и му велел дека го сака, но сè залудно – лавот многу се каел што не го слушал старецот подобро. А сега, ех која радост! Како само му се умилкувал на старецот… Ама само да го видовте! Знаел дека сега сè му е простено и бил многу среќен поради тоа. И старецот му го дал името Јордан.
Минувале години, а старецот Герасим сè повеќе и повеќе сакал да премине кај својот и наш Господ. И сè потопло Му се молел на Бога да го повика кај Себе. Господ ја услишал молитвата на Својот угодник и старец Герасим – и свети Герасим се преселил кај Господа. Тоа било на четврти март по стар, односно седумнаесети по нов календар, 475 година.
Токму тој ден лавот Јордан бил отиден во пустината да ги посети своите пријатели. А кога се вратил, ех! Што да ви кажувам?! Кога монасите му рекле дека старецот си отишол кај Господа, тој само рикнал еднаш, паднал и веќе не се подигнал. Па зарем тој да живее тука, на земјата, без својот добар старец? О, не, тоа никако нема и не може! Затоа и тој си отиде по својот добар старец.
Ех, какво пријателство меѓу човекот и животното! И какво послушание на животното кон човекот!
Послушание од љубов! Токму како некогаш во Рајот!

среда, 5 декември 2012


Од горешта љубов, од небото се спушти,
од светлина вечна, во мрак злобен, пусти.

Од горешта љубов, светот што го створи,
Го обнови домот, Адам што го разори.

НЕБОТО СЕ ЗАЧУДИ, ЗЕМЈАТА СЕ ТРЕСЕ, ДОБРЕ ДОЈДЕ ХРИСТЕ, ЛУЃЕ РАДУВАЈТЕ СЕ
НЕБОТО СЕ ЗАЧУДИ, ЗЕМЈАТА СЕ ТРЕСЕ, ДОБРЕ ДОЈДЕ ХРИСТЕ, ЛУЃЕ РАДУВАЈТЕ СЕ

Љубовта не знае за страв и понижение,
добре дојде Владико на вечното спасение
Од горешта љубов, Цару на сите красоти
Во пештера слезе на животот човечки

НЕБОТО СЕ ЗАЧУДИ, ЗЕМЈАТА СЕ ТРЕСЕ, ДОБРЕ ДОЈДЕ ХРИСТЕ, ЛУЃЕ РАДУВАЈТЕ СЕ
НЕБОТО СЕ ЗАЧУДИ, ЗЕМЈАТА СЕ ТРЕСЕ, ДОБРЕ ДОЈДЕ ХРИСТЕ, ЛУЃЕ РАДУВАЈТЕ СЕ

Одамна се надева, Девата прекрасна
Да се спуштиш низ Неа од градот небесен.
О, Девице Света, Кадилнице златна
Фала ти и слава Мајко благодатна

НЕБОТО СЕ ЗАЧУДИ, ЗЕМЈАТА СЕ ТРЕСЕ, ДОБРЕ ДОЈДЕ ХРИСТЕ, ЛУЃЕ РАДУВАЈТЕ СЕ
НЕБОТО СЕ ЗАЧУДИ, ЗЕМЈАТА СЕ ТРЕСЕ, ДОБРЕ ДОЈДЕ ХРИСТЕ, ЛУЃЕ РАДУВАЈТЕ СЕ


  • Вероучител