Подвиг на сострадание со
несреќните
Пресветата Богомајка наскоро повторно ѝ се јавила на 48-годишната схимонахиња и
ѝ соопштила дека ја избрала – „за подвиг“! Оттогаш матушка Макарија почнала да
ги зема на себе болките и маките на другите луѓе, страдањата на оние кои се
молеле за исцеление – добила подвиг во своето срце да ја смести болката на целата
страдална Русија и на своите слаби плеќи да понесе крст, потежок од сите
дотогашни. Мајка Макарија се прашувала откаде тоа, токму таа, така
хендикепирана и немоќна, да биде избрана. Царицата Небесна одговорила: „Сите ги
поминав и подобра не најдов... Така, морав да те ставам меѓу Избраните“.